Свет 09. мај 2018. / 22:26

Каменувана до смрт ,,жената со 11 сопрузи”

Каменувана до смрт ,,жената со 11 сопрузи”

Терористите од организацијата Ел Шабаб во Сомалија осудија жена на смрт со каменување.

Жената била осудена од судот , со кого раководат членовите на терористичката исламска организација дека имала 11 сопрузи и оти не се разведувала. Шукри Абдулахи Варсаме била жива закопана во земја до вратот , а потоа каменувана од терористите додека не починала од ударите во глава.

Организацијата Ел Шабаб , под чија контрола е голем дел од Сомалија, практикува строго придржување кон шеријатското право , со средновековни брутални казни и егзекуции.