Свет 13. септември 2018. / 10:00

Калифорнија: Животот го загубија 6 лица во вооружен инцидент

Калифорнија: Животот го загубија 6 лица во вооружен инцидент

Синоќа во американската сојузна држава Калифорнија, се случи вооружен инцидент во кој загинаа најмалку шест лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Официјални полициски претставници соопштија дека вооружениот напаѓач убил 5 лица, меѓу кои и сопствената сопруга, а потоа се самоубил.

Инцидентот се случил во местото Бејкерсфилд, во јужниот дел на Калифорнија.

Локалниот шериф Дони Јангблад изјави дека напаѓачот прво ја убил сопствената сопруга, а потоа уште 4 лица кои биле во негова близина.

Напаѓачот со украдено возило се обидел да избега од местото на настанот, а потоа извршил самоубиство откако го пресретнал заменикот на локалниот шериф.

Во тек е истрага за настанот.