Свет 12. ноември 2020. / 12:15

Како Трамп може да стигне до победа и втор мандат?

Како Трамп може да стигне до победа и втор мандат?

Претсетдателот на САД, Доналд Трамп, се уште нема признаено пораз на изборите од Џо Бајден, кандидатот кој речиси сите медиуми го прогласија за победник и претседател избран од страна на американскиот народ.

Трамп наместо да го признае поразот, тврди дека изборите биле полни со нерегуларности, имало успешни обиди за фалсификување на истите, проблеми со машините за пребројување и докази за гласови поднесувани од страна на лица кои се одамна починати или не се во државата. Тој изјави дека ќе настојува секој легален глас да биде изброен и ќе признае пораз само кога надлежните судови ќе ги прогласат изборите за валидни.

Некои аналитичари, сметаат дека Трамп е во право и дека тој се уште има надеж во трката. Тие стојат на ставот дека пресврт е се уште возможен во некои од клучните држави и дека Трамп е на добар пат да го добие вториот мандат како претседател на САД.

За да го постигне ова, Трамп треба да ја добие поддршката од надлежните, од судиите, како и да се осигура со цврсти докази за наводната изборна измама на државно ниво.

Висконсин, Невада, Мичиген и Пенсилванија беа прогласени за Бајден во претходните денови. Џорџија и Аризона се уште не се со официјален победник, но, и во двете држави предноста ја уживаат демократите, чиј што кандидат води со 14,000, односно со 12,000 гласови. Со цел Трамп да направи пресврт и да стигне до посакуваните 270 гласови во изборниот колеџ, тој ќе мора да направи пресврт во најмалку три од овие четири клучни држави.

До сега, кампањата на Трамп тврди дека била успешна пред судовите, дека доказите кои ги поседува се непоборливи и рачното пребројување на гласовите ќе донесе сосема нов резултат. Но многу други, известуваат дека кампањата на Трамп е одбивана од надлежните судови и вели дека нивните тврдења се неосновани и Бајден со сигурност ќе стане претседател и после пребројувањата.

Како главен адут кој Трамп и Републиканците ги имаат на овие избори е тоа што Врховниот суд на САД е мнозински составен од конзервативни судии, кои најверојатно би пресудиле во корист на Трамп, доколку случајот на овие избори стигне до истиот.

Покрај тоа, иако демократите контролираат значајни позиции во клучните држави, Републиканската партија има повеќе од тие канцеларии во свои раце во најважните од нив – Пенсилванија, Аризона, Мичиген, Висконсин и Џорџија. Теоретски земено, на овој начин конзервативно настроените судии и функционери би можеле да ја прогласат победата на Трамп.

Некои од конзервативните правници, судии и функционери, веќе изјавија дека се спремни да интервенираат доколку постои доказ за изборна измама планирана на државно ниво. Претставникот на републиканците од Висконсин Џо Санфелипо и лидерот на мнозинството во Сенатот Џејк Корман изјавија дека сите опции се на масата и ќе почекаат до последните моменти за да прогласат официјален победник на изборите.