Свет 10. јуни 2020. / 23:48

Кафулињата и рестораните во Британија нема да се отворат пред 4. јули

Кафулињата и рестораните во Британија нема да се отворат пред 4. јули

Британскиот премиер Борис Џонсон рече денеска дека владата сака што е можно побрзо да го покрене угостителскиот бизнис, блокиран поради коронавирусот, но тоа нема да се случи пред планираниот датум 4. јули.

– Се држиме до нашиот план, рече Џонсон во парламентот.

Додаде дека препораките за угостителите се подготвени, но постојат се уште ризици и тие не сакаат да видат „неконтролирана“ маса која би можела да ја прошири заразата.

Џонсон рече дека коронавирусот во Велика Британија е под контрола, и иако опаѓа бројот на нови случаи, луѓето треба да се придржуваат кон препораките за дистанца од 2 метри.

Во Британија се заразени 290.581 лица. Починаа речиси 41.0000, најмногу после САД, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.