Германија цврсто стои зад европската перспектива на Западниот Балкан и ги поддржува земјите од тој регион во нивните реформски напори, соопштија од кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел.
– Поради доцното објавување на извештаите за земјите, рокот за одлука за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија беше краток. Пред оваа одлука, Сојузната влада мора да добие и согласност од Бундестагот. – истакнато е во кабинетот на Меркел на прашањето од црногорскиот весник „Побједа“ да ги прокоментира одлуките на Советот на ЕУ да го одложи отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија.
ЕУ во средината на месецов го одложи отворањето на пристапните преговори со двете земји. Скопје и Тирана сега се надеваат дека во октомври годинава ќе ги почнат преговорите.