Свет 01. февруари 2021. / 18:45

Јужноафриканскиот вид на Ковид-19 откриен кај 105 лица во Велика Британија

Јужноафриканскиот вид на Ковид-19 откриен кај 105 лица во Велика Британија

Британската Влада соопшти дека во земјата се регистрирани случаи на зараза со новиот јужноафрикански вид коронавирус кај лица кои не патувале во странство ниту биле во контакт со луѓе кои допатувале во земјата од странство.

Во различни делови на Велика Британија од 22 декември до денеска кај 105 луѓе е откриен јужноафриканскиот вид Ковид-19. Лицата кај кои е откриен мутираниот вид на вирусот се во самоизолација, а исто така е покрената и акција да се пронајдат сите кои биле во контакт со заразените лица и да се стават во самоизолација.

Епидемиолозите тврдат дека јужноафриканскиот вид на Ковид-19 полесно се пренесува, но нема докази дека предизвикува потешка клиничка слика кај инфицираните лица.

Клиничките истражувања покажаа дека вакцините на компаниите Новавакс и на Џонсон и Џонсон помалку штитат од заразување со јужноафриканскиот мутиран вирус.