Јужна Кореја денеска објави дека депортирала двајца државјани на Северна Кореја, бидејќи било утврдено дека убиле 16 рибари, а потоа избегале во Јужна Кореја. Двајцата биле пронајдени во брод јужно од морската граница во саботата.
Истрагата подоцна утврдила дека тие убиле 16 колеги и избегале во Јужна Кореја. Портпаролот на Министерството, Ли Санг-мин изјави дека тие биле протерани од Јужна Кореја и дека Пјонгјанг претходно бил информиран.
Деталите за убиството на рибарите засега не се познати.