Свет 17. август 2019. / 19:19

Јункер го прекинал одморот – итно пренесен на операција

Јункер го прекинал одморот – итно пренесен на операција

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот за да оди на операција, соопштил неговиот тим, пренесува „Гардијан“.

Јункер го скрати одморот во Австрија поради медицински причини. Тој се врати во Луксембург каде хируршки ќе му биде отстрането жолчното ќесе – информирал тимот на 64-годишникот.