Свет 15. април 2018. / 17:58

Јенс Столтенберг: Тензиите меѓу Турција и Грција не се работа на НАТО

Јенс Столтенберг: Тензиите меѓу Турција и Грција не се работа на НАТО

Лидерите на Турција и Грација треба сами да ги решат прашањата што предизвикуваат тензии во односите меу двете земји, бидејќи тоа не е работа на НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

– Мислам дека одредени недоразбирања што се појавија меѓу нив треба да се решат во рамките на добрите односи. Бев многу среќен кога дознав дека премиерите на двете земји во последиот телефонски разговор се согласиле проблемите да ги решат преку дијалог – вели Столтенберг во интервју за турската агенција Анадолија.

Столтенберг во интервјуто нагласува дека целта на неговата посета на Турција е подготовката за престојниот самит на НАТО во јули во Брисел, додавајќи дека со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, со шефот на дипломатијата Мевлут Чавушоглу, и со министерот за одбрана Нуретин Џаникли ќе разговара за повеќе регионални и глобални прашања.

Според мего, Турција е значаен и клучен сојузник на Алијансата пред се поради нејзината стратешка положба и затоа ги смета за многу важни консултациите со турските лидери околу подготовките за Самитот во Брисел на кој ќе се разговара за повеќе значајни теми во однос на тоа како НАТО да се адаптира во услови на зголемени безбедносни предизвици.

– Турција е важна за НАТО, но и НАТО е важен за Турција – истакнува Столтенберг во интервјуто.