Свет

Јенс Столтенберг: Воените буџети, Русија, Афганистан, исламистичките напади во Европа, се проблемите за кои е досега разговарано на Самитот на НАТО

Јенс Столтенберг: Воените буџети, Русија, Афганистан, исламистичките напади во Европа, се проблемите за кои е досега разговарано на Самитот на НАТО

Во своето прво интервју по почетокот на Самитот на НАТО во Брисел, генералниот секретар имаше кратко интервју во кое главно се осврна на неговиот разговор со Американскиот Претседател Доналд Трамп. Но брифираше и за другите проблеми кои се досега отворени.

„Очигледно е дека имаме разидувања на линија САД-Европа, и Самитот е можеби најповолно место за истите да се надминат. САД сметаат дека е нефер односот кон нив, како најголем потрошувач и инвеститор во Алијансата, дека се тие главни чувари на мирот во Европа, како и главни носители на фронтовите по сите боишта, и дека тоа треба да се промени. На ваквата американска забелешка, засега има реагирано единствено полскиот претседател Доналд Туск, кој вели дека САД и претходно имале претседатели со кои е договорено воените буџети да изнесуваат до 2%, дека САД самите се промовирале како главни чувари и промотори на демократијата ширум светот, и дека ваквото трошење кое денес постои, е правено во согласност, и со одобрение на САД.“ изјави Столтемберг.

„Руското влијание е евидентно во некои делови на Европа, додека политиката на Путин е во отворен судир, не само со алијансата, туку и со базичните вредности позади кои стои НАТО. Овој предизвик треба и мора да остане единствено во рамките на политиката и трговската размена, со исклучок на Балтичките Земји каде е зголемено и военото присуство. Што се однесува до зачестените напади на радикалнте исламисти, во НАТО се сложни дека е потребно интензивирање на заедниката размена на информации. Во тие рамки, повеќето шефови на влади ја поздравија идеата за поригорозен мониторинг на имигрантите кои доаѓаат од завојуваните земји.“ додеа Столтемберг во краткото интервју непосредно оп почетокот на Самитот.

Македонија многу очекува на овој Самит на НАТО, но засега точката за проширување на Алијансата, не ја спомнал никој од повиканите