Јапонската влада има малку невообичаен проблем, во државаат имаат повеќе од осум милиони напуштени куќи што никој не ги сака. Затоа владата спроведе програма за намалување на бројот на напуштените куќи низ целата земја при што одлучила истите да ги продава по многу ниски цени, а некои дури ги дава и бесплатно.
Напуштените куќи се наоѓаат насекаде низ Јапонија, а главната причина за тоа се природните катастрофи и старата популација на луѓе кои сакаат да живеат во станови.
Исто така, во голем дел од куќите никој не сака да живее бидејќи претходните сопственици загинале од насилна смрт, па веруваат дека се опседнати.
За голем дел од куќите, јапонската влада нуди и помош за реновирање. Јапонски „Тајмс“ тврди дека 70 отсто од жителите на Токио живеат во станови. Голем број од овие напуштени куќи се наоѓаат во руралните средини, но исто така, има и куќи кои се близу до големите градови, па властите се надеваат ќе најдат заинтересирани жители кои се уморни од градскиот живот.
Се предвидува дека до 2033 година бројот на напуштените куќи во Јапонија би можел да достигне 27 милиони.