Свет 28. март 2020. / 14:30

Ја избегнуваат пандемијата: Само 22 земји во светот немаат коронавирус

Ја избегнуваат пандемијата: Само 22 земји во светот немаат коронавирус

Масовноста на пандемијата на вирусот Ковид-19 го преплави светот како можеби ништо претходно. Податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, од каде вршат постојано детално ажурирање на сите нови случаи на заразени во целиот свет, покажуваат дека досега 602.262 луѓе се заразиле од вирусот, од кои 131.854 оздравеле, но 27.889 починале.

Сите овие забележани случаи се распространети во дури 177 државии и територии што се зафатени од пандемијата, односно во нив има барем по еден регистриран случај на корона вирусот.

Тоа е бројка што ги опфаќа речиси сите држави во светот, но сепак, се уште има 22 држави, во коишто официјално нема регистрирано заразени со Ковед-19.

Притоа, географските карактеристики на овие земји во комбинација со затворањето на границите и масовното стопирање на авиотранспортот во голема мерка го отежнуваат начинот за евентуално некој заразен да пристигне во овие земји.

Половината од нив се острови или островски компплекси со помалку од еден милион жители сместени во Тихиот Океан или во близината на Африка, додека останатите држави, иако се на копно, се релативно изолирани и граничат со мал број други држави.

Пропаганда или вистина?

Интересен случај е Северна Кореја земја која се граничи со двете држави каде што пандемијата прво зема замав, Кина и Јужна Кореја. Официјално, земјата нема пријавено ниту еден случај на заразен со корона вирусот, но останува прашањето дали тоа е поради затвореноста и стриктната владина контрола на информациите што излегуваат во јавност.

Точно е дека Северна Кореја беше една од првите земји којашто во обид да спречи ширење на Ковид-19 ги затвори границите.  Земјата пропиша широки рестрикции за патување, уште кон крајот на јануари забрани влез на странски туристи, за потоа целосно да ги стопира летовите и да забрани влез и излез од државата.

Сепак, особено во јужнокорејските медиуми се објавуваа податоци дека сепак, Северна Кореја има сериозни проблеми со вирусот. Така, во првата третина од март во Јужна Кореја се појавија информации дека околу 180 севернокорејски војници починале од корона вирусот, додека, речиси 4.000 други се во карантин.

Држави во кои нема пријавени случаи на Ковид-19

Јемен – Азија (29,825,964 жители)

Северна Кореја – Азија (25,778,816 жители)

Малави – Африка (19,129,952 жители)

Бурунди – Африка (11,890,784 жители)

Јужен Судан – Африка (11,193,725 жители)

Таџикистан – Азија (9,537,645 жители)

Сиера Леоне – Африка (7,976,983 жители)

Туркменистан – Азија (6,031,200 жители)

Боцвана – Африка (2,351,627 жители)

Лесото – Африка (2,142,249 жители)

Коморски Острови – Африка (869,601 жители)

Соломонски Острови – Океанија (686,884 жители)

Вануату – Океанија (307,145 жители)

Сао Томе и Принсипе – Африка (219,154 жители)

Самоа – Океанија (198,413 жители)

Кирибати – Океанија (119,451 жители)

Микронезија – Океанија (115,030 жители)

Тонга – Океанија (105,695 жители)

Маршалски Острови – Океанија (59,190 жители)

Палау – Океанија (18,094 жители)

Тувалу – Океанија (11,793 жители)

Науру – Океанија (10,823 жители)