Свет 21. декември 2018. / 14:50

Изрел Грција и Кипар ја исфрлија Русија од игра ќе градат гасовод од Изреел до Европа

Изрел Грција и Кипар ја исфрлија Русија од игра ќе градат гасовод од Изреел до Европа

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху вчера потврди дека неговата земја, заедно со Грција и Кипар на почетокот од идната година ќе потпишат договор за изградба на гасовод од источниот Медитеран до Европа, а САД ветиле поддршка на амбициозниот проект вреден 7 милијарди долари.

Се очекува дека ќе бидат потребни од шест до седум години проектот да биде завршен и тој регион да започне да ја снабдува Европа со гас, со што значително ќе се намали доминацијата на Русија на европскиот пазар.

Покрај тоа, овој гасовод практично ќе го блокира Иран – односно амбициите на Техеран да ја користи Сирија како излез кон источниот дел на Средоземното море.

Говорејќи на самитот со лидерите на Грција и Кипар на југот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави:  сите три земји ја потврдиле посветеноста на гасоводот и дискутирале за „важни аспекти од проектот“.

Италија исто така ќе биде партнер во планирањето на гасоводот. Кипарскиот претседател Никос Анастазиадес изјави : проектот чека „зелено светло“ од Европската унија, потврдувајќи дека договорот и официјално ќе биде потпишан за неколку месеци.

За Вашингтон Средоземното море повторно е од голем интерес и на состанокот со грчкиот министер за надворешни работи овој месец, државниот секретар на САД, Мајк Помпео регионот го означи како „важен стратешки регион за Вашингтон“ кој што работи на јакнење на своите врски со „демократските сојузници како Грција, Кипар и Израел“.

Израел пронајде и започна да ги развива наоѓалиштата на природен гас во Средоземното море во последната деценија. Полето „Тамар“ е веќе оперативно, а се очекува поголемото поле „Левијатан“ да биде оперативно веќе следната година.

Иако најголемиот дел од природниот гас Израел го користи за домашни потреби, властите од Тел Авив веќе потпишаа договори за извоз со Египет и Јордан, а со гасоводот Израел ќе се обиде да се пробие на Европскиот пазар.