Израелските сили убија најмалку 41 Палестинец во Појасот Газа, денеска, откако протестантите деомонстрираа поради отворањето на амбасада на САД во Ерусалим, пренесе Ројтерс.
Илјадници Палестинци се собраа по границата на палестинските територии со Израел, за да протестираат против преместувањето на американската Амбасада од Тел Авив во Ерусалим. Протести се претворија во судири во кои се повредени 22 Палестинци.
Демонстрантите се обиделе во мали групи да се доближат до оградата која ја обезбедувале тешко вооружени израелски војници. Групите се обиделе да ја нападнат границата и фрлале камења врз војниците кои одговориле со пукање.
Во Газа денеска се затворени училиштата, продавниците и институциите.