Израелската војска објави дека Дамаск, Иран и Хезболах се одговорни за падот на рускиот авион ИЛ-20.
Израел признава дека синоќа бомбардирал објекти на сириската војска.
-Израелските ловци бомбардираа објекти на сириската војска, каде се произведувало прецизно и смртоносно оружје кое требало Иран да го предаде на Хезболах во Либан, се наведува во соопштението на израелската војска.
Тие сметаат дека режимот на Башар ал Асад, Иран и Хезболах се одговорни за соборувањето на рускиот борбен авион.
Тел Авив изјави спремност да ги даде потребните информации на руската војска за истрагата.