Свет 10. октомври 2019. / 16:01

Израел ја осуди турската офанзива во Сирија: Анкара да не извршува „етничко чистење“ против курдскиот народ

Израел ја осуди турската офанзива во Сирија: Анкара да не извршува „етничко чистење“ против курдскиот народ

Израел остро ја осуди воената операција на Турција во северна Сирија против териториите контролирани од Курдите во земјата и ја предупреди Анкара да не извршува „етничко чистење“ против курдскиот народ.

Израел остро ја осудува турската инвазија врз курдските региони во Сирија и предупредува против етничкото чистење на Курдите од страна на Турција и нејзините (сојузници) – се вели во изјавата на изрелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Нетанјаху додаде дека Израел е подготвен да понуди хуманитарна помош на галантниот курдски народ.