Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) потпишаа мировен договор, што ќе доведе до целосно нормализирање на односите меѓу двете земји од Блискиот исток.
Израел вети дека ќе го запре суверенитетот врз областите на Западниот Брег што се предмет на анексија. Тоа е прв договор од таков вид од оној меѓу Израел и Јордан, потпишан во 1994 година.
Историскиот мировен договор меѓу нас вклучува целосни дипломатски односи, воспоставување амбасади, размена на амбасадори, обемни инвестиции што ќе бидат од голема корист за израелската економија, туризмот, авијацијата – вклучително и директни летови меѓу Тел Авив и Абу Даби.
Наскоро – отворено за Израелците!
Заедно ќе донесеме прекрасна иднина на нашиот народ, нашите земји, до нашиот регион, напиша премиерот на Израел, Бенџамин Нетанјаху на „Фејсбук“.
Договорот е склучен со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп.