Министерството за надворешни работи на Израел вчера ги повикало амбасадорите на Шпанија и Словенија на разговор поради тоа што на последната седница на Советот за човекови права на ОН, нивните земји гласале за истрага за инцидентите на границата меѓу Израел и Газа, јавија денеска локалните медиуми.
Амбасадорот на Белгија, земја која исто така гласаше за истрага, ќе биде повикан денеска на разговор.
Пет членки на Советот за човекови права, Хрватска, Германија, Унгарија, Словачка и Велика Британија беа воздржани на гласањето.
За почеток на истррага гласаа 29 земји, 14 беа воздржани, САД и Австралија беа против, додека претставниците на две држави не се појавија на гласањето.