Свет 21. април 2020. / 11:49

Израел доби Влада на национално единство

Израел доби Влада на национално единство

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот противкландидат на изборите Бени Ганц објавија дека формирале Влада на национално единство, со што е прекината најдолгата политичка криза во историјата на земјата.

Договорот за формирање на Влада за национално единство го потпишаа лидерот на „Ликуд“, Нетанјаху и претседателот на Партијата „Сино и бело“, Ганц.

По преоданата влада која траеше 16 месеци и три циклуси парламентарни избори за помалку од една година, Нетанјаху и Ганц се сретнаа пред почетокот на Денот на сеќавање на жртвите од холокаустот, што во Израел се одбележува од синоќа од заоѓање на сонцето до вечерва.

Не се објавени детали од договорот.