Свет 05. јуни 2018. / 13:15

Излета автобус од патот 24 туристи повредени

Излета автобус од патот 24 туристи повредени

Канадската полиција соопштила дека автобус излетал од патот во источниот дел од покраината Онтарио, поради што 24 лица се примени во болница, а 4 лица се здобиле со повреди опасни по живот, пренесува АП.

Локалните власти навеле дека во автобусот имало 37 лица, вклучувајќи ги и возачот и туристичкиот водич.

АП наведува дека менаџерот на американската патничка агенција „Унион турс експрес“ од Масачусетц изјавил дека слушнал дека еден од нивните автобуси имал несреќа на пат, но не дал никакви додатни информации.