Свет 05. април 2019. / 20:23

Изгоре српски автобус во Германија

Изгоре српски автобус во Германија

На автопат во Германија рано утрово изгоре српски патнички автобус, а за среќа патниците на време го напуштиле автобусот.

Нема повредени во пожарот на автобусот од Куршумлија , кој се движел по автопатот А8 во Германија. 34 – годишниот возач, поради вдишување чад ,бил пренесен во блиската болница. Сообраќајот на автопатот неколку часа бил во прекин.

До пожарот дошло кога неколку патници го алармирале возачот дека мнириса на чад. Тој на време го запрел автобусот , кој за кусо време целосно изгорел.

Според германските власти , била направена штета од околу 200 000 евра.