Свет 13. декември 2018. / 10:18

Издадена потерница по напаѓачот од Стразбур, се работи за исклучително опасна личност

Издадена потерница по напаѓачот од Стразбур, се работи за исклучително опасна личност

Полицијата во Франција издаде потерница по 29-годишниот Шериф Чекат, главниот осомничен за нападот на божиќниот панаѓур во Стразбур.

Тој во нападот уби две, а рани 14 лица со огнено оружје. Потрагата по него продолжува и целата француска полиција е на нозе. Од полицијата соопштија дека е уапсено и целото негово семејство, но информираа и дека постојат сомневања дека Чекат избегал во Германија.

Во потерницата која ја издаде полицијата Чекат е опишан како 29-годишно момче, 180 сантиметри висок, со кратка коса.

Полицијата, исто така, нагласи и дека е исклучително опасен, но и дека го бараат повеќе од 700 француски безбедносни лица.