Изборниот штаб на американскиот претседател, Доналд Трамп за претстојните избори во САД соопшти дека нема да им даде акредитација на новинарите на „Блумберг њуз”. Инаку, медиумот е во сопственост на Мајкл Блумберг, кој е потенцијален претседателски кандидат на Демократите.
Откако официјално ја објави кандидатурата на Блумберг, агенцијата соопшти дека нема да известува за кандидатите за демократски претседател, вклучувајќи го и Блумберг и неговите ривали, туку ќе ги следи активностите на Трамп за време на кампањата.
– Бидејќи тие отворено покажаа пристрасност, ние ќе одлучиме дали ќе контактираме со новинарите поединечно или да одговориме на Блумберг њуз, од случај до случај – рече Бред Парскеил, менаџер на кампањата на Трамп.