Авионот „Боинг 737-800“ морал итно да слета во петокот во северозападниот руски град Сиктивкар, а според неофицијални информации, причината за ова е откажување на моторот, пренесуваат тамошните медиуми.
– Се случи вонредно слетување во Сиктивкар. Во тек е истрагата, а според прелиминарните податоци, откажувањето на моторот е причината за итно слетување. – известиле од рускиот истражен одбор, пренесе Танјуг.
Авионот кој патувал од градот Мирни до Москва, сега се наоѓа на аеродормот во Сиктивкар, а патниците се безбедни и без повреди.