Патнички авион на руската компанија Победа, успешно слетал на аеродромот во Москва, откако едниот мотор му откажал брзо по полетувањето.
Авионот Боинг 737-800, со околу 170 патници, слетал на аеродромот Внуково во Москва, а крајна дестинација била Астрахан.
Авионот полетал од аеродромот Внуково во 7:15 по локално време и требало да слета во 9:18 часот во Астрахан, но по полетувањето десниот мотор престанал да работи, по што авионот се свртел и успеал успешно да слета на аеродромот во 9:20 часот, пренесе РТ.
Од авиокомпанијата соопштија дека сите 12 авиони Боинг 737-800 биле произведени во 2014 или 2015 година и дека сите биле директно добиени од производителот и дека ова е прв случај да избие дефект на било кој мотор.