Руски авион кој од Москва полетал кон Грозни морал принудно да слета на аеродромот „Шереметјево“ поради неисправност на системот за противпожарна заштита, пренесуваат медиумите. Во авионот имало 150 патници.
Два часа авионот летал во круг за да го потроши горивото, пред да може да слета. Медиумите наведуваат дека станува збор за авион Ербас А320.
Авион кој полетал кон главниот град на Чеченија, Грозни принудно слетал откако се огласил противпожарниот апарат. Пилотите два часа летале над аеродромот за да го потрошат горивото, а потоа авионот слетал на Шереметјево. Пожарникарите биле подготвени да реагираат ако има потреба, соопшти руската Служба за вонредни состојби.