Свет 15. јуни 2020. / 20:49

Италијанско воено возило по грешка влезе на територијата на Словенија

Италијанско воено возило по грешка  влезе на територијата на Словенија
Илустрација

Италијанско воено возило денеска влегло на територијата на Словенија, но набргу се свртело и се вратило во Италија, соопшти словенечката полиција.

Инцидентот се случил утрото околу 8.20 часот во пограничниот град Шемпетер кај Горица, пренесе СТА.

Како што се наведува, инцидентот го испитува полицијата, а резултатите ќе ги соопшти Министерството за одбрана.