Резултатот од локалните избори во германската провинција Баварија покажува дека „стариот систем“ е отфрлен во Европа, напиша на „Твитер“ министерот за внатрешни работи и вицепремиер на Италија, Матео Салвини, цитиран од ДПА.
„Во Баварија победи промената а изгуби ЕУ“, напиша Салвини на социјалната мрежа.
Ова е „историска загуба за демохристијаните и социјалистите.
Првите резултати од регионалните избори во Баварија покажаа дека конзервативците и социјалдемократите губат поддршката, додека екстремно десничарската партија добива околу 10-11 отстои за прв пат влегува во парламентот во Минхен.
„Ариведерчи, Меркел, Шулц и Јункер“, напиша Салвини, мислејќи на Ангела Меркел, поранешниот претседател на ЕП и поранешен лидер на социјалдемократите Мартин Шулц, како и на претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер.