Италијански свештеник е киднапиран на југот од африканската држава Нигер, во близина на границата со Буркина Фасо, каде што се активни повеќе екстремистички групи.
Годинава, ова е второ киднапирање на Европеец во Нигер.
Италијанскиот свештеник Пјер Луиџи Макали бил киднапиран вчера во село околу 125 километри од главниот град Нијамеј, а денес тоа беше потврдено од владите на Нигер и Италија.
Засега никој не ја презеде одговорноста за киднапирањето, објави „Ројтерс“. Макали работел во Нигер веќе 11 години како член на римокатоличката мисионерска организација.
Италијанската амбасада во Нијамеј ги повика локалните власти да го решат случајот што е можно побргу.