Свет 05. јануари 2020. / 11:15

Италија: Возило влетало во група туристи, шестмина мртви

Италија: Возило влетало во група туристи, шестмина мртви

Најмалку шест туристи загинаа во Лутагу во италијанскиот Јужен Тирол откако автомобил се забил во група од 17 луѓе.

Се верува дека загинатите се германски државјани, а повеќе лица се префрлени во болница во Јужен Тирол и Инсбрук во Австрија.

Инцидентот се случил околу 1 часот утринава, а на местото на несреќата веднаш пристигнале 160 возила на полицијата, итната помош, пожарникари…

Полицијата засега не открива детали за несреќата.

Како што јавува агенцијата АНСА, возачот бил пијан. Се работи за 28 годишник од италијанскиот град Кјенеса кој е превезен во болница за дополнителни анализи.