Свет 12. мај 2020. / 16:49

Италија ги отвора плажите, чадорите ќе бидат оддалечени на 5 метри

Италија ги отвора плажите, чадорите ќе бидат оддалечени на 5 метри

Крајбрежните региони во Италија планираат отворање на плажите од 18 мај за ограничен број на посетители кои ќе ги почитуваат пропишаните мерки за држење растојание со цел спречување на ширењето на вирусот Ковди-19.

Планирано е регулирање на пристапот до плажите, резевација на местата, чистење на лежалките пред да бидат предадени на друг корисник, а чадорите за сонце ќе бидат на раздалеченост од најмалку 5 метри.

Ова се насоките од италијанскиот Висок институт за здравје за отворањето на капалиштата.

На помалите плажи однапред ќе биде одреден бројот на дозволени посети како би се почитувале прописите за безбедно растојание меѓу луѓето.

После речеси двомесечната блокада поради Корона вирусот кој во Италија го однесе животот на повеќе од 30 илјади луѓе, земјата се соочува со тешки економски последици, а една од најзагрозените гранки е туризмот, кој на земјата и носи големи приходи.