Свет

Историски поздрав за кој сите зборуваат – ракување кое го менува светот (ВИДЕО)

Историски поздрав за кој сите зборуваат – ракување кое го менува светот (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трмап и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг ун се состанаа вчера во Сингапур. Темата на историската средба на двајцата државници беше договор за мир и денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Трамп и Ким се состанаа во хотелот „Капела“ на островот Сентоса, а прв на состанокот стигна лидерот на Северна Кореја.

Историскиот поздрав на двајцата државници во холот, пред знамињата на двете земји, беше ударна вест во сите светски медиуми.

-Ќе решиме голем проблем – рекол Трамп за време на свечениот ручек.