Американскиот претседател Доналд Трмап и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг ун се состанаа вчера во Сингапур. Темата на историската средба на двајцата државници беше договор за мир и денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
Трамп и Ким се состанаа во хотелот „Капела“ на островот Сентоса, а прв на состанокот стигна лидерот на Северна Кореја.
Историскиот поздрав на двајцата државници во холот, пред знамињата на двете земји, беше ударна вест во сите светски медиуми.
-Ќе решиме голем проблем – рекол Трамп за време на свечениот ручек.