Свет 15. декември 2018. / 17:39

Историски ден за Украина: Православната црква конечно доби независност од Русија

Историски ден за Украина: Православната црква конечно доби независност од Русија

Во киевскиот храм „Света Софија“ денеска започна црковниот собор на украинското православие, на кој учествуваат црковната хиерархија, свештеници и верници, соопшти Киевската патријаршија.

Пред почетокот на соборот во храмот пристигна и претседателот на Украина, Петро Порошенко.

– Да останеме тука и да се помолиме денеска да биде создадена украинската Црква. – рече Порошенко.

Украинскиот претседател Петро Порошенко попладнево објави дека историкиот црковен собор на денешната седница во Киев се согласил да формира независна црква на Украина. Пред насобраните луѓе кои ја чекаа одлуката на соборот Порошенко рече дека ова е историски ден на кој конечно добиле независност од Русија. Советот за главен на новата црква го избрал свештеникот Думенко.

Како што пренесуваат медиумите, овој црковен собор треба да ја реализира историската одлука на Цариградската патријаршија, која во октомври и дозволи на Украина да има сопствена црква по 322 години под духовна грижа на својот сосед.

Тоа решение предизвика гнев кај Руската православна црква, која го нарече „раскол“ и ги прекина своите врски со Константинопол.