Свет 06. септември 2018. / 16:49

Историска пресуда во Индија: Интимниот однос меѓу истополови партнери не е кривично дело

Историска пресуда во Индија: Интимниот однос меѓу истополови партнери не е кривично дело

По 157 години во Индија е сменет колонијалниот закон и од денеска интимниот однос меѓу истополови партнери не е кривично дело.

Индискиот Врховен суд донесе историска одлука со која се поништуваат сите пресуди донесени минатите години со кои се осудуваа како кривично дело сите истополови партнери. Активистите за човекови права излегоа пред судот и со солзи радосници ја пречекаа оваа одлука.

Судијата Дипак Мисра изјави криминализацијата на телесен однос е ирационална, додека друг врховен судија додаде дека историјата им должи извинување на припадниците на ЛГБТ заедницата.

Популарниот ,,Акт 377” беше еден од најстарите важечки закони во Индија, со кој се криминализираат одредени сексуални чинови.