Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска, постхумано го помилува боксерот Џек Џонсон, првиот црнец првак во бокс во тешка категорија, кој во 1913 година беше осуден за пренесување на бела жена преку меѓудржавните граници во САД, на повеќе од 100 години затвор.
Џонсон беше осуден во 1913 година според законот „Мен“, бидејќи пренесувал жена преку граница поради „неморални причини“. Жената која Џонсон ја „пренесувал“, Бел Шрајбер, работела како проститутка, но била во врска со шампионот во тешка категорија, а подоцна станала и негова сопруга.
Трамп рекол дека со одлуката за помилување е исправена грашката во историјата на Америка, пренесе Ројтерс.