Свет

Исповед на девојка која ја регрутирале џихадисти – ,,За малку ќе станев бела вдовица, ИД ми го испра мозокот”

Исповед на девојка која ја регрутирале џихадисти – ,,За малку ќе станев бела вдовица, ИД ми го испра мозокот”

Дваесет и девет годишната Кимберли Мајнерс од Лондон тврди дека по пат на интернет започнала врска со регрутатор од Исламската држава во Велика Британија, Навид Хусеин и дека за малку ќе завршела во Сирија како негова жена.

Кимберли, инаку гламурозен модел, открила дека регрутаторот на терористичките групи се обидел да ѝ го испере мозокот и да ја наговори да дојде во Сирија и да стане нова „бела вдовица“, како Сали Џоунс, џихадистка од Велика Британија која загинала во Сирија заедно со синот по воздушен напад.

Таа вели дека поради осаменост, на друштвените мрежи се спријателила со луѓе од Сирија, па за разлика од гламурозните фотографии кои порани ги објавувала, почнала да објавува фотографии на кои лицето ѝ е целосно покриено. Тогаш била, како што вели, опседната со Хусеин.

Таа била уапсена минатата година откако биле откриени пораки со него во кои ѝ испратил упатства за правење бомби.

„Сега се срамам од тоа, но ми годеше вниманието. Бев толку осамена, а со него се чувствував како негде да припаѓам.“ раскажала и додала дека била многу потиштена по спонтаниот абортус и прекинот со вереникот.

Кога била уапсена ѝ било кажано дека ѝ се заканува казна од 10години затвор, но оваа година била пуштена на слобода Хусеин загинал неколку недели подоцна во напад со дрон.