Свет 03. декември 2018. / 22:39

Исчезната 17-годишна тинејџерка пронајдена мртва во германски центар за азил

Исчезната 17-годишна тинејџерка пронајдена мртва во германски центар за азил

Телото на една 17-годишна тинејџерка било пронајдено на бреговите на езерото во близина на еден центар за азил во западниот германски град Санкт Аугустин, пренесува „Дојче веле“.

Тинејџерката од германскиот град Ункел исчезнала кон крајот на минатата недела кога наводно им кажала на родителите дека ќе оди кај својата пријателка во Бон, но никогаш не стигнала таму.

Полицијата соопшти дека отворила истрага за случајот и уапсила осомничен во врска со смртниот случај за кој се сомневаат дека е убиство, според „Билд“. Портпаролот на полицијата вели дека осомничениот е 19-годишен германски државјанин со кениско потекло.