Свет 26. мај 2018. / 14:39

Ирска се избори за легализација на абортусот

Ирска се избори за легализација на абортусот

Ирските граѓани изгласаа либерализација на еден од најстрогите закони во светот во однос на абортусот, покажаа резултатите од излезните анкети по референдумот во земјата.

Ирските граѓани изгласаа либерализација на еден од најстрогите закони во светот во однос на абортусот, покажаа резултатите од излезните анкети по референдумот во земјата. На референдумот за легализација на поголемиот дел од граѓаните се изјасниле „за“, односно повеќе од две третини од излезените на гласањето. На својот профил на Твитер, ирската министерка за култура напиша дека иако не се официјални, резултатите изгледаат добро. Пребројувањето на гласовите ќе трае и денеска, а првичните резултати даваат надеж дека Ирска излегува од своето мрачно минато, односно од амандманот од 1983 со кој нероденото дете има еднакво право на живот како и мајката која го носи.