Професорката на Универзитетот во Даблин, Ема Тилинг, информира дека со изолирање на генот на лилјакот, научниците дошле до заклучок дека ова животно има уникатен имунолошки систем и е отпорно на корона вирусот.
Според неа, доколку научниците би можеле да најдат начин да го имитираат имунолошкиот систем на лилјакот, можеби во природата ќе може да се најде лек за корона вирусот.
Се тоа би можело да им укаже на научниците на чекорите кои треба да ги преземат за да дојдат до лек против коронавирусот – нагласи Тилинг.
Таа го започна научниот проект „Bat1K“, со цел да се декодираат гените на секој од 1.421 познат вид на лилјаци.