Свет 12. јуни 2020. / 22:30

Ирскa одобри екстрадиција на обвинет за „камионот на смртта“

Ирскa одобри екстрадиција на обвинет за „камионот на смртта“

Суд во Ирска одобри екстрадиција на Ронан Хјуз во Велика Британија, каде што ќе му се суди за смртта на 39 Виетнамци пронајдени во камион со ладилник, близу Лондон минатата година.

Хјуз, кој е по потекло од Северна Ирска, е баран од британските власти поради обвиненија за трговија со луѓе.

Возачот на „камионот на смртта“, Морис Робинсон, во март се изјасни за виновен по 39 точки од обвинението.

Жртвите, 31 маж и осум жени на возраст од 15 до 44 години, беа откриени во октомври минатата година во ладилник во задниот дел на камион, што Робинсон го возеше до индустриски комплекс во Грејс, Есекс, на околу 30 километри источно од Лондон.

Ирскиот Висок суд утврди дека наводните злосторства се случиле во Велика Британија и дека земјата има надлежност да ги гони.