Свет 26. јули 2020. / 14:23

Иронија на Илон Маск или меѓународен инцидент: Ќе го собориме од власт секого што ќе посакаме

Иронија на Илон Маск или меѓународен инцидент: Ќе го собориме од власт секого што ќе посакаме

Милијардерот Елон Маск предизвика бура реакции во јавноста откако на „Твитер“ напиша: „Ќе го собориме од власт секого што сакаме“, како одговор на друг корисник на Твитер, кој изнесе тврдење дека американската влада организирала соборување на боливискиот претседател Ево Моралес, со цел да ги добие резервите на литиум во таа земја.

Додека некои тврдат дека Маск се шегувал, други сметаат дека тој открил меѓународен заговор, а на дискусијата се приклучи и Моралес.

Многумина на социјалните медиуми сметаат дека Маск бил ироничен, алудирајќи на мешање на богатите западни земји во внатрешните работи на други земји, бидејќи подоцна додаде дека неговата компанија добила литиум за производство на батерии и други компоненти од Австралија.

Други корисници на социјалните мрежи, пак, тврдат дека со овој твит, Муск открил кршење на меѓународното право и „злосторства против човештвото“ и кој стои зад соборувањето на Ево Моралес од позицијата претседател на Боливија минатата година.

Ова не е првпат Маск да привлече меѓународно внимание со своите коментари на Твитер, бидејќи претходно објави дека ќе го продаде целиот свој имот, дека ќе го бомбардира Марс, дека ќе всадува чипови во мозокот, а кога стана татко, тој објави дека му дал на детето шифрирано име.