Иранската државна агенција “ИСНА“ соопшти денес дека две ракети погодиле ирански нафтен танкер во Црвеното море кај брегот на Саудиска Арабија.
За сега нема реакција од Саудиска Арабија, додека американската морнарица соопштила дека е свесна за инцидентот.
Агенцијата „ИСНА“ пренесе дека експертите веруваат дека се работи за терористички напад.
Експлозијата предизвикала пожар на нафтениот танкер кој припаѓа на Националната иранска нафтена компанија а се наоѓал на стотина километри од саудискиот крајбрежен град Џеда, пренесува „Ројтерс“.
Експлозијата предизвикала тешки оштетувања и нафтата истекла во Црвеното море, тврди неименуван извор за агенцијата „ИСНА“.
-Експертите веруваат дека се работи за терористички напад, наведуваат тие.