Ирански пратеник понудил награда од 3 милиони долари за „оној кој ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп“, објави иранската новинска агенција Исна.
„Во име на луѓето од провинцијата Керман, ќе исплатиме три милиони долари во готово на секој кој ќе го убие Трамп“, изјавил Ахмад Хамзех пред пратениците.
Тој не прецизирал дали одлуката за закана кон американскиот претседател ја донеле иранските верски водачи, забележува Ројтерс.
Провинцијата Керман е родно место на иранскиот воен командант Касим Сулејмани, кој беше убиен на 3 јануари во напад на беспилотни летала во близина на Багдад, потсетува Ројтерс.