Иранската револуционерна гарда заплени уште еден танкер во Персискиот Залив поради наводно криумчарење на 250.000 литри дизел гориво во Обединетите Арапски Емирати, објави иранската полуофицијална студентска новинска агенција ИСНА.
Тој беше задржан во близина на островот Голем Тунб во Персискиот Залив … екипажот беше предаден на правните органи во провинцијата Хормозган“, наведува ИСНА, која не ја прецизираше националноста на членовите на екипажот, пренесува „Ројтерс“.
Сепак, Индекс.хр наведува, повикувајќи се на агенцијата „Фарс“, дека на танкерот има 11 членови на екипажот и дека припаѓа на Обединетите Арапски Емирати.