Свет 04. септември 2018. / 11:46

Иранска авиокомпанија шверцувала оружје за Либан

Иранска авиокомпанија шверцувала оружје за Либан

Западните разузнавачки служби се сомневаат дека една иранска авиокомпанија шверцува оружје за Либан за милитантите на шиитското движење Хезболах. Сомневањата се појавија поради сè поголемиот број неочекувани рути на иранските товарни авиони кои се забележани во текот на изминатите неколку месеци.

Иран го негира снабдувањето на Хезболах со оружје, иако Техеран продолжува да дава политичка поддршка на шиитската група. Авионите на авиокомпанијата „Фарс еар Кешм” од јули извршија најмалку два лета од авиобазата во Техеран кон Бејрут, патека која не е карактеристично за овие правци.