Свет 29. мај 2018. / 21:39

Иранец се запалил откако го одбиле за азил во Германија

Иранец се запалил откако го одбиле за азил во Германија

Мигрант од Иран, на кој му било одбиено барањето за азил во Германија, се здобил со сериозни повреди откако се запалил во канцеларија во Гепинген, недалеку од германскиот град Улм, соопштија германските власти.

Триесет и пет годишниот маж, влегол во канцеларијата на градската управа и побарал помош од вработените, покажувајќи им хартија каде било напишано дека му е одбиен азилот.

Вработените му рекле дека ќе му помогнат, но, тој станал агресивен и извадил шише од ранецот, се полил со течност и се запалил.Двајца вработени побегнале, додека третиот грабнал пешкири за да го угасне огнот. Човекот со тешки изгореници бил итно пренесен во болница.