Претседателот на Иран, Хасан Рохани, во телевизиско обраќање до нацијата, порача дека земјата во моментов збогатува повеќе ураниум отколку пред потпишувањето на нуклеарниот договор со светските сили во 2015 година.
– Засилен е притисокот врз Иран, но ние продоложуваме да напредуваме. Збогатуваме повеќе ураниум отколку пред потпишувањето на договорот – порача Рохани.
Иран почна постепено да го намалува почитувањето на одредбите од нуклеарниот договор откако американскиот претседател Доналд Трамп во мај 2018 година унилатерално се повлече од договорот при што веднаш воведе нови санкции против Техеран.