Свет 03. ноември 2018. / 12:07

Иран започна масовно да произведува борбени авиони

Иран започна масовно да произведува борбени авиони

Иран почна масовно производство на борбени авиони од типот „Ковсар“, конструиран во таа земја, јави денеска државната телевизија.

– Наскоро ќе биде произведен потребниот број од овие авиони и тие ќе бидат ставени во служба на Воздухопловните сили – изјави иранскиот министер за одбрана Амир Хатами на церемонија по повод почетокот на производството на авионите.