Свет 29. август 2018. / 13:53

Иран во хајка против “шпиони”

Иран во хајка против “шпиони”

Иран уапси десетици шпиони, изјави министерот за информации во средата, со што можеше да се претпостави дека и неговата земја во минатото уфрлила агент во израелската влада.

„Финансиски и на друг начин, нашите непријатели се обидуваат да добијат информации за нашата земја”, рече министерот Махмуд Алави во разговор за државната телевизија.

Тој не прецизираше кога се случило апсењето на шпиони, ниту за кои земји или организации работеле.

„Непријателите на Иран дејствуваат шпионирајќи и инфилтрирајќи се, за среќа, одделот за шпионажа е еден од најсилните во нашата служба”, додаде тој.